Вчеравечер во 21.20 часот во с.Подареш, радовишко, полициски службеници од Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода Б.И.(27) од с.Подареш.

Како што соопшти денеска МВР, полицијата постапувала по претходна пријава дека Б.И. во 20.50 часот извршил семејно насилство, по што пријавениот физички ги нападнал полициските службеници.

Б.И. бил префрлен во Психијатриска болница Негорци – Гевгелија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.