Рано утрово во 03.55 часот, И.В.(57) од Кичево во полициската станица пријавил дека дека од балкон на првиот кат од неговата куќа на улица „11 Септември“ во Кичево паднал М.К.(26) од Република Албанија, кој престојувал во неговата куќа, информираат од МВР.
Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Во врска со настанот на разговор во полициската станица Кичево биле повикани уште две лица од Албанија кои биле со М.К. во куќата, како и сопственикот на куќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.