На 9 март 2020 во 17.45 часот на локалниот пат с.Банско – с.Муртино, струмичко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи-Исток забележале комбе „форд“, со штипски регистарски ознаки, кое влегло во с.Муртино.
Набргу потоа, возачот го напуштил возилото и побегнал, а во возилото биле пронајдени 25 мигранти, од кои 14 од Авганистан, седум од Пакистан и четири од Иран.
За настанот бил известен јавен обвинител и бил извршен увид од екипа од СВР Струмица.
Мигрантите биле задржани во СВР Струмица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.