Во близина на тетовското село Урвиќ гром усмртил 25 годишен сточар кој напасувал стадо овци.

Покрај овој трагичен настан во тетовско во Охрид во близина на плажата оревче од удар на гром во езерото повредени биле 13 лица. 4 лица поминале со изгореници на екстремитетите додека другите се пожалиле на болки во ушите од силниот звук на ударот на громот. Од охридската болница потврдеија дека никој не е задржан во болница.

Освен предупредувањето дека реките и езерата привлекуваат громови експеретите од оваа област укажуваат и да не се носи отворен чадор и да се бројат секундите од светнувањето до звукот кој го предизвикува громот. Ако го слушате звукот за помалку од 4 секунди по светнувањето тогаш громовите удираат близу вас и веднаш треба да се побара засолниште во автомобил или некој објект.

По појавата на снимки на социјалните мрежи од бтитолско од УХМР смируваат дека кај нас нема опасност од појава на торнада заради тоа што нема толкави големи рамници како во европа и кај нас е можна само опасност од засилен ветер.

Синиоптичарите од УХМР велат дека несатабилноста полека ќе не одмине во следните два дена а центарот на циклонот е сега над Јадранот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.