Вчера околу 17.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Стар Дојран во апартман од вила починала Д.Ќ.(25) од Скопје, која во изнајмениот апартман пристигнала околу 12.00 часот заедно со С.Т.(25) од Скопје, соопштваат од МВР.

Од итна медицинска помош Гевгелија потврдена е смртта без знаци на насилство.

Увид на лице место извршила увидна екипа на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.