Вчера полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај го открила и санкционирала 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој управувал патничко моторно возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки и околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“.
Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година, соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.