Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила вчера околу 19 часот на локалниот пат Пробиштип-с.Ратвици, на место викано „Леговец“.

Како што соопшти МВР, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Скопје, излетало од патот и се превртело. Во незгодата, на местото на настанот починал сопатникот Ф.С.(24) од Скопје, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.