Полските навивачи кои вчера попладне беа приведени во Градскиот парк утрово се однесени пред судија за прекршоци, информира МВР.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека по синоќешната тепачка во паркот меѓу поголема група навивачи, приведени биле 223 лица. Биле однесени во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров, каде биле задржани цела ноќ.

Бидејќи станувало збор за приведување на голем број навивачи, во полициските станици се пренесувале со автобуси.

Ние доставивме соодветни поднесоци до надлежен суд за прекршоци и сега тој треба одлучи за натамошната казна за навивачите. Очекувавме инциденти со полските навивачи и затоа постојано бевме во контакт со Полската амбасада. Успеавме да спречиме поголеми инциденти благодарение на големото присуство на полициски службеници низ градот, велат од Министерството за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.