Една девојка од село Иванковци на 23 годишна возраст која имала коморбидидети, е почината во велешкиот ковид центар, пишува велешкиот портал Батали.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 38 пациенти, што е за четири помалку од вчера, од кои 28 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а девет пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 19 пациенти.
Тројца нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од ковид-19 денеска на инфективното одделение во велешката болница. Шест пациенти се отпишани со по еден негативен тест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.