Млада девојка возач е тешко повредена во несреќата што се случила вчера во 13.40 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.

Како што било пријавено во СВР Скопје, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) с.Сарај, скопско, удрило во три паркирани патнички возила – „пежо“ и „форд фокус“, двете со скопски регистарски ознаки, и „киа“, со кумановски регистарски ознаки.

Притоа, А.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.