Момче на возраст од 21 година загина доцна синоќа во скопското село Сарај откако мотоциклот со кој управувал се судрил со автомобил.
На 08.06.2020 во 22.56 часот било пријавено дека во с.Сарај, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат стило“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(43) од с.Сарај и мотоцикл „хонда ЦР-В 1000“, без регистарски таблички, управувано од Ш.О.(21) од с.Паничари, скопско. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, пишува во извештајот на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.