При сообраќајка помеѓу мотор и автомобил повредено било 20-годишно момче кое со тешки повреди завршило на клиника.

Според пријавеното, на 28.05.2021 во 23.25 часот на ул. Kемал Сејфула во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „априлија РС-125“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(20) од Скопје и патничко моторно возило „ауди А-6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од Скопје.

По незгодата А.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.