Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за криминалистичка полиција реализира случај на недозволена трговија со кокаин и поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 11.03.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.А. (52) во село Глажња, општина Липково, каде што живее и неговиот син Е.А.. При претресот, во собата на Е.А. биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра.
По преземени мерки било утврдено дека пријавениот ја набавил дрогата од Косово. Е.А. e лишеn од слобода и во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.