Вчеравечер околу 21.25 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Стража, А.И.(19) од гостиварско Врањовце, управувајќи патничко возило „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Повредениот возач е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
На местото на незгодата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.