Осумнаесетгодишник од гостиварско е задржан во полиција и изведен пред надлежен судија под сомнение дека сексуално злоупотребил малолетна девојка.

Според информациите од СВР Тетово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера во 17:30 часот го лишиле од слобода А.Е. 18-годишен жител на гостиварско село. Тој се сомничи дека дента околу 14:30 часот во селото извршил обљуба врз малолетничка, која му била роднина.

По пријавувањето, А. Е. е задржан во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.