18.000 парчиња пиротехника беа запленети денеска во три одделни акции на МВР на Бит-пазар, во Тетово и во Битола.

Прво полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје денеска околу 13 часот на подрачјето на Бит-пазар го привеле И.К.(27) од Студеничани, Скопје, бидејќи кај него се пронајдени 13.525 парчиња пиротехнички средства.

Против И.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Подоцна во 16:20 часот, полициски службеници на градскиот плоштад во Тетово ги привеле Љ.А. (23) од тетовско Селце, кај кого се пронајдени 1.759 парчиња пиротехника, и С.А. од Тетово, од кој биле одземени 314 парчиња пиротехника.

(фото: МВР)

 

По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полициски службеници од СВР Битола, пак, попладнево извршија претрес во дом на Ѓ.Ф. (38) од Битола, при што се пронајдени 2.404 парчиња пиротехнички средства.

(фото: МВР)

За настанот известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против Ѓ.Ф., кој е приведен, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР-Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.