Едно лице загина, друго е тешко повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случи доцна ноќеска во 3 часот кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, кога патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17-годишен малолетник од с.Лешани, општина Дебрца излетало од патот.

Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17=годишен сопатник од с.Мешеишта, општина Дебрца од здобиените повреди починал на лице место.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.