Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчистил случајот со сквернавењето на државното знаме на Република Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“, соопшти денеска МВР.

Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.