Во полициската станица Ѓорче Петров во вторникот 36-годишниот Џ.Р. од Германија, со моментален престој во Скопје, пријавил дека ден претходно  неговата 15-годишна ќерка Р.Р. се оддалечила од домот со С.Н., со кого била во љубовна врска.

Според пријавеното, таа најверојатно заминала во Куманово или во Србија. По извршени службени проверки било утврдено дека лицето, во моментот на пријавување, веќе ја имало напуштено државата.

Како што соопшти денеска МВР, девојчето било пронајдено во Бујановац, Србија и е предадена на родителот Џ.Р.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.