Тинејџер е тешко повреден во сообраќајната несреќа што вчеравечер околу 23 часотсе случи на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Ѓорѓи Василев“ во Струмица.
Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл, со струмички регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Куклиш и патничко возило „алфа ромео“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(20) од Струмица.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.