Вчера во 16.00 часот на крстосница од ул.Св.Јоаким Осоговски и ул.Јоаким Крчовски во Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки управуван од 15 годишен малолетник од Крива Паланка и патничко моторно возило „фиат пунто“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од И.М.(21) од Крива Паланка, соопштија од МВР.

Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, што му биле констатирани од доктор во здравствен дом Крива паланка.

За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.