Покрај прекршочни ќе има и кривични пријави за сите оние кои извршиле оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за внатрешни работи и кои учествувале во насилствата за време на протестот за случајот „Монструм“. Секое од тие лица ќе биде санкционирано. МВР досега идентификувало и повикало на разговор 14 лица, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Протестите кои се одржуваат се демократски чин за да се изрази ненакво незадоволство од тоа што се случува во општетството. Но, тие никако не смеат да бидат нарушување на законските правила и прописи. Точно е дека е поднесена пријава и против организторот на протестот затоа што, пред се, не се придржувале кон мерките за заштита на здравјето и при тоа не биле испочитувани протоколите. Меѓутоа ќе има и кривични пријави за сите оние кои извшиле оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за вматрешни работи. Секој од тие лица ќе биде санкциониран. Ние работевме во единицата за насилен криминал и веќе се идентификувани и во вчерашниот ден се повикани 14 лица кои директно учествувале во ваквите насилства кон објектите или кон имот на државата, рече Спасовски на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата дали ќе бидат покренати кривични пријави за организаторите за протестите за случајот „Монструм“.

Тој појасни дека сите повикани се полнолетни освен едно малолетно лице кое е повикано да дојде со родителот во станица.

Секој еден кој прави кривично дело не е важно кој е, каков е, која националност, верска припадност или политичка, не е важно дали е полнолетен или малоетен, мора да сноси одговорност врз основа на законските прописи, рече Сапсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.