Европската комисија очекува Скопје и Тирана да добијат датум за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија пред состанокот во Загреб во мај, посветен на Западен Балкан. Тоа го соопшти пред Европскиот парламент комесарот за проширување и соседство, Оливер Вархеји.
Тој додаде дека ЕК има за цел да го забрза напредокот на регионот кон јасна европска перспектива.
Вархеј нагласи дека измените во правилата за пристапни преговори предложени од Комитетот пред неколку дена предвидуваат појасни барања за земјите кандидати и појасни последици во отсуство на напредок.
Според него, доколку повторно се одложи решението за одредување датум за почеток на преговорите со Скопје и Тирана, тоа ќе ја доведе во прашање стабилноста на регионот и ќе се отвори простор за странските сили. Вархеји ја повика ЕУ повеќе да ги третира земјите кандидати како земји од заедницата.
Европската народна партија ги поддржа измените предложени од Комисијата и изрази надеж дека Македонија и Албанија ќе добијат датум пред мај.
Социјалистите и демократите го поздравија предлогот на ЕК, што има за цел да се избегне натамошна стагнација во односите со Скопје и Тирана. Според оваа парламентарна сила, новото одложување на одредувањето датум за двете земји би ги доведело во прашање долгогодишните реформи.
Групата Обнови ја Европа ги поддржа измените, но повика да не се дозволи нов неуспех откако ЕУ не успеа да го одреди почетокот на разговорите со Македонија и Албанија, минатата есен.
Точно е дека не можеме да даваме ветувања што не можеме да ги исполниме. Се надеваме дека овој пат нема да има изненадувања во последен момент, рече европратеникот Илхан Ќучук, кој го претстави мислењето на групата.
Екстремно-десничарската Група Идентитет и демократија, пак, не ја поддржа ЕК и рече дека Албанија страда од корупција, криминал и недостаток на демократска култура. Според таа парламентарна група, Комисијата не ставила доволно акцент на безбедносното прашање во идните преговори за проширување на ЕУ.
Зелените ги поздравија промените предложени од ЕК, истакнувајќи дека во случајот со Србија, владеењето на правото и слободата на медиумите се влошиле уште од почетокот на преговорите за пристапување.
Европската група на конзервативци и реформатори ја повика ЕУ да извлече поуки од минатото и да се увери дека европските даночни обврзници не мора да ги покриваат трошоците на сиромашните нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.