Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија славеше со убедливи 33-15 над Косово на стартот на ЕХФ шампионатот што се одржува во Литванија.

Јовановска бранеше одлично на голот на Македонија, додека во фазата на нападот најефикасни беа Јанкуловска со шест и Дукоска и Еленин со по пет погодоци.

Нашите млади ракометарки утре за противник ќе го имаат домаќинот Литванија.Следниот натпревар нашите девојки го играат утре против домаќинот на турнирот Литванија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.