Од водите на Охридското Езеро денеска е извлечено телото на Никола Даниловски., голман на ГРК Охрид, поранешен член на РК Металург и репрезентативец во националниот ракометен тим.
Безживотното тело на 26-годишниот спортист роден во Скопје е пронајдено во близина на туристичката населба Лагадин. Потрагата по него започнала уште синоќа, а била известена и полицијата.
Последен поздрав од Ракометниот клуб Охрид за голманот Никола Даниловски-Џамбо. Засекогаш ќе бидеш еден од нас, напишаа од клубот.
Поради трагичната смрт на младиот голман одложен е вечерашниот меч од Супер лигата помеѓу Охрид и Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.