Европскиот ракометен првак, РК Вардар официјално ги почна подготовките за новата сезона 2019/2020. Новиот тренер Давид Писонеро денеска прозиваше во СЦ „Јане Сандански“.
Од составот што треба да настапи сезонава единствено оправдано отсутен беше голманот Калифа Гедбан. Капитенот Стојанче Стоилов беше присутен и покрај тоа што е во процес на рехабилитација и тренира под посебен надзор.
Како што може да се види на фотографиите, дел од денешниот тренинг се работен и на отворено, на еден од помошните терени во СЦ Јане Сандански.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.