Левиот бек на Металург, Александар Шпенде, нема намера да го продолжи својот престој во „Автокоманда“ откако веќе го договорил својот следен чекор во кариерата. Хрватскиот првак Загреб е новиот клуб на Шпенде, со кого овој ракометар веќе потпишал и договор на две години. Словенечкиот весник „Дело“ твди дека трансферот е целосно комплетиран, a Шпенде доаѓа во Загреб на барање на тренерот Тамше.
Александар Шпенде пристигна во „Автокоманда“ неколку месеци по стартот на сезоната и веднаш се наметна како еден од лидерите на Металург. Добрите игри за македонскиот вицепрвак му донесоа и повик од словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ, но и интерес од други клубови. Претходно, Словенецот ќе биде значаен адут на тренерот Брестовац во биткатата за второто место од плејофот во македонскиот шампионат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.