Ракометниот свет тагува по еден од најдобрите леви бекови хрватскиот ракометар Златко Сарачевиќ, кој почина од срцев удар на 59 години.

Сарачевиќ во кариерата стана светски првак во 1986 година, а десет години подоцна ги освои и Олимписките игри.

Тој беше и добар пријател со поранешниот тренер на Вардар Веселин Вујовиќ.

Сега слушнав. Не можам да верувам. За само неколку месеци останувам без двајца одлични соиграчи. Едвај го преживеав заминувањето на Златко Портнер, па пред два дена на Балашевиќ, со кој бев голем пријател. Што ни се случува? Ужасно… Заедно го освоивме медалот на Олимпијадата, ми беше и помошник во Загреб. Ми беше повеќе од пријател. Сарач беше човек, секогаш подготвен за смеа. Знаеше да не насмее кога ни беше најтешко. Секако, беше одличен играч, опасен во нападот како ретко кој левучар. Ми беше голема чест да играм покрај него, вели Вујовиќ, кој воедно е и соиграч на Сарачевиќ од деновите кога играле заедно за репрезентацијата на Југославија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.