По ремито кај Елверум македонскиот ракометен првак Вардар 1961 ја прокнижи првата победа во Лигата на шампионите. Стратегот Веселин Вујовиќ со право е задоволен по својата прва победа во ЛШ по враќањето на клупата на Вардар.

Ефикасниот напад беше рецептот со кој Вујовиќ успеа да го совлада белорускиот шампион.

Десет различни играчи постинаа голови, тоа е најдобар доказ за нашата сила во нападот. Покажува дека имавме баш шутерски ден, но да бидам искрен постихнати 35 гола, реално, не се одлика на нашиот стил на игра, изјави Веселин Вујовиќ.

По натпреварот, тренерот Веселин Вујовиќ им честита на своите играчи кои забележаа важен триумф, иако беа без неколку првотимци и воедно ѝ се заблагодари на публиката.

Се плашев од овој меч, затоа што знам каква екипа е Мешков и многу ја ценам. Ние го отворивме дуелот доста мотивирано, ни помогнаа неколку сјајни одбрани на Томовски и атмосферата од трибините. Така бевме носени со таа енергија, нашите шутери беа расположени и тоа беше тоа. Кога променија во таа фаза 5-1, морав да менувам со Дибиров и Гаџа некоја тактика во средината затоа што браќата Њокас уште не се воиграни.

Сепак, морам да потенцирам дека Мешков Брест има повредени играчи и ние ја искористивме таа ситуација. На противникот му посакувам среќа во наредните натпревари, изјави Вујовиќ по натпреварот.

Вардар во третото коло од ракометната елита повторно го чека домашен натпревар. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува Алборг, кој досега има две победи на две средби (29 септември).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.