Ракометарите на Вардар утре гостуваат во Хрватска против ППД Загреб во рамките на Лигата на шампионите.
Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека ова ќе биде натпревар кој и двете екипи мора да го добијатза да ги задржат шансите за пласман во осминафиналето.
Нè очекува Загреб, една млада екипа која е комбинирана со искусни играчи, во прв ред Гојун, Муса, Чупиќ. Младите играчи навистина многу напредуваат, тука се Црнак, Радица, Вистороп. Ќе биде навистина тежок натпревар. Доаѓаме и двата тима од некои позитивни ситуации, тие одиграа одлично во Монпелје, ние во Кил. Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме, бидејќи преку него ќе ги зголемиме шансите за пласман во осминафиналето – изјави Вујовиќ.
Тренерот на „црвено-црните“ смета дека Вардар успева да ја подигне играта.
Мислам дека Вардар се крена, дека Вардар игра добро и дека дојдовме до моментот да играме натпревари кои се близу нашиот квалитет, Загреб, Мешков, Елверум и дека преку тие натпревари ќе извлечеме добар резултат и ќе ја оствариме целта, а тоа е пласман во следната рунда – вели Вујовиќ.
Ова е второ гостување во низа за Вардар, а дуелот е закажан за утре во 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.