Веселин Вујовиќ го претрпе првиот пораз по враќањето на клупата на Вардар. Вардаровиот тренер посочи дека црвено-црните потфрлиле во секој дел вечерва и заслужено го загубија мечот од француски Монпелје со 25-31 во четвртото коло во ЛШ, што е прв пораз за македонскиот првак сезонава.
Гостите од Франција го контролираа резултатот од почеток до крај, а „вардарци“ можат само да жалат за промашените зицери, со кои сигурно ќе влезеа во неизвесна завршница и бодрени од фанатичната публика ќе можеа да се надеваат на позитивен исход.
„Целиот тим потфрли, Вардар не личеше на себе. Честитки за тимот на Монплје кој заслужено победи денеска. Ние не личевме на тимот од тие први три кола, не му париравме на ривалот во ниту еден сегмент. Жалам и што не ја наградивме публиката за оваа одлична атмосфера. Има уште многу да се игра, мораме да анализираме, да го корегираме проблемот и да продолжиме понатаму“, изјави Вујовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.