Легендарниот Веселин Вујовиќ го нападна македонскиот селектор Раул Гонзалез велејќи дека односот на Шпанецот е многу опуштен, како да чека што побрзо да си замине и да му се посвети на ПСЖ.

Раул Гонзалез е тренер кој секогаш изгледал смирено, таков беше и на клупата на Вардар кога ја освои Лигата на шампионите, таков е и како селектор на македонската репрезентација.

Македонија добро го почна Мундијалот, со победи над Јапонија и Бахреин, но беше поразена од Хрватска во меч во кој не искористивме многу зицери.

Веселин Вујовиќ во колумна за „Балкан Хендбал“ не штедеше критики за Раул Гозналес велејќи дека него македонската репрезентација му е само на поминување.

Раул како да не е тука. Иако делува смирено и опуштено на клупата на репрезентацијата и на ПСЌ, мене таков однос воопшто не ми се допаѓа, без разлика каков стручњак е. Ми се чини како Раул едвај да чека сето ова да заврши и да се посвети на својата работа во Париз. Ми делува како Македонија да му е само попатна станица, вели Вујовиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.