Македонската машка ракометна репрезентација ја забележа и втората победа на Светското првенство (СП) кое е во тек во Германија и Данска откако ја совледа селекцијата на Бахреин со 28-23 (12-8).
По овој триумф „црвено-жолите“ би требало да продолжат во Келн, освен ако не се случи чудо, Бахреин и Јапонија да добијат некој од фаворитите.
Во вториот дел помладите ви тимот добија повеќе шанса за играње. Чурлевски беше, речиси, стандарден, нападот доби течност, а за разновидност придонесе и нововлезениот Поповски, кој ја разигра и десната крилна позиција.
Во завршните 10 минути селекторот Раул Гонзалес се обиде да ги одмори првотимците, па им даде шанса на Митревски, Танкоски, Серафимов, Крстевски, а мечот се претвори во мала бркотница бидејќи Бахреин почна да игра без голман, па прими неколку погодоци на празна мрежа.
Капитенот Кире Лазаров беше најефикасен со осум гола, по четири имаа Кузмановски и Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.