Македонија вчера ја победи Украина во првиот натпревар на Европското првенство.
Победничкиот гол во последната секунда го постигна капитенот Кире Лазаров. Македонија имаше предност и од пет гола разлика, но на крајот дозволивме да влеземе во трилер завршница која сепак среќно заврши за нас.
Не одигравме брилијатно, но не заслуживме да се мачиме. Требаше полека да го приведеме натпреварот кон крајот, неколку пати имавме и по три четири гола предност. Дозволивме да ни се доближат, може и вака е послатко е. Среќни сме за важната победа, има работи кои треба да се поправат. Пред натпреварот кажав дека ќе бидам среќен и да победиме со половина гол разлика, најважни се головите“.
Добро е да ја израдуваме малку нацијата да се тргне од политиката која доминира во последните години. Изненаден сум од бројката на навивачи тука во Виена, ова станува традиција да ја продолжиме“, изјави Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.