Женската сениорска репрезентација на Македонија по успешниот квалификациски циклус обезбеди бараж-натпревари за пласман на СП 2019 во Јапонија.

Репрезентацијата на Македонија е дел од вториот шешир, а ќе игра против репрезентација од првиот шешир.

Репрезентации во прв шешир: Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска.

Репрезентации во втор шешир: Австрија, Хрватска, Чешка, Полска, Белорусија, Исланд, Македонија, Швајцарија и Словачка.

Извлекувањето е закажано за утре, 15 декември  во 16:30 часот во Акорхотел арената во Парис, со пренос во живо на официјалната веб страна на EHF EURO 2018 (https://fra2018.ehf-euro.com/home/).

Првиот бараж натпревар ќе се одигра во период меѓу 31.05.2019 – 02.06.2019 година, додека реванш натпреварот се во период од 04.06.2019 до 06.06.2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.