И покрај тоа што носењето маса е непријатно во нормални секојдневни околности, а камоли играње професионален спорт под нив, во шпанската АСОБАЛ лига им наложи на ракометарите стриктно да носат маски.
Македонскиот репрезентативец Дарко Димитриевски кој игра за Синфин во Шпанија, во рамките од 7. коло загуби на гости кај познатиот Адемар Леон со 31-23.
Интересно, на овој како и на сите натпревари од шпанската ракометна лига, ракометарите мораа да носат маски и со нив да организираат напади, да трчаат контри и полуконтри, да го чуваат противничкиот играч итн.
Синфин, тимот на нашиот Димитриевски има 4 порази по ред односно шест во седум кола. Дарко постигна 1 гол од 2 обиди.
Главен играч на мечот беше доскорешниот голман на Вардар Калифа Гедбан кој одбрани 11 противнички удари, а први стрелци кај победникот беа Гонзало Перез Арсе и Ервин Хан Фојхтман. Во поразениот тим, Рамиро Мартинез 5 пати ја тресеше противничката мрежа.
Адемар Леон е еден од кандидатите за титулата. Во следната рунда игра против Морацо на домашен терен а Димитриевски и Сифин ќе одат кај Ваљадолид чиј тренер е некогашниот стратег на Вардар Давид Писонеро.
Во Германија, каде ракометот е можеби втор број два во земјата после фудбалот, уште во месец мај почнаа да експериментираат како би изгледал ракометот со маски.
Така ракометарите на Рајн-Некар Левен, популарните „лавови“ извесно време тренираа со пропишано растојание и со маски на лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.