Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кил, од денеска ќе биде пуштен дополнителен контингент на билети за истиот натпревар, информираат од РК Вардар. Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба дополнителни билети кои се за секторот – Стоење.

Цената на билетите е 150 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Кил е закажан за в сабота, 12 октомври во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.