Со победа заврши првиот натпревар на Данило Брестовац како селектор на македонската машка ракометна репрецентација. По серијата порази од Исланд Дејан Манасков ѝ донесе победа на Македонија 33-34 во последната секунда од натпреварот од квалификациите за Евроспкото првенство.

ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА 33:34 (17:17)

Сала: Лаугардал во Рејкјавик. Судии: Карим и Дауф Гасми од Франција. Делегат: Свен Олав Оје од Норвешка.

ИСЛАНД: Густавсон (1 одб.), Едвардсон (5 одб.), Палмарсон 12, Елисон, Сигурдсон 3, Гисласон, Гудмундсон 4, Магнусон 3, Игнасон, Гунарсон 7, Густафсон, Арнарсон 2, Гудјонсон, Јонсон 2, Ејнарсон, Смарасон.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

МАКЕДОНИЈА: Ристовски (4 одб.), Митревски (1 одб), Манасков 7, Стоилов 3, Лазаров 6, Талески 5, В. Маркоски, Н. Маркоски, Кузмановски 2, Танкоски 1, Георгиевски 8, Поповски, Пешевски, Јагуриновски, Кукоски, Маџовски.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 14 мин.

Уште на стартот од мечот Исланд дојде до 2:0 и овие два погодоци ги одржуваше без проблеми. Дури беа и зголемени на четири гола после 12 минути игра при 8:4, а потоа и со 9:5. Овие четири гола се чуваа неколку минути, а потоа Македонија почна да ја зацврстува одбраната и полека да ја намалува предноста на Исланд.

Клучната серија се случи после 12:9 за Исланд. Македонија дојде до 4:0 и првпат поведе на средбата со 13:12. Овој гол позитива даде простор за игра. Исланд се врати во водство при 15:14, но до крајот на средбата никој не направи поголема предност од еден гол, па на крајот од првото полувреме резултатот беше 17:17.

Вториот дел почна со игра гол за гол. Исланд беше во водство, а Македонија редовно израмнуваше. Голманите само на моменти се појавуваа со одбрана, па оттаму имаше многу погодоци. Исланд поведе со два гола при 22:20, но веднаш потоа Македонија израмни. Нерешените 22:22 беа во 40. минута од средбата кога почна пресвртот. Македонија заигра уште подобро во одбрана и ги остави Исланѓаните без идеја. Ако Палмарсон не направеше нешто тешко можеше и до гол, па во 46. минута Македонија првпат дојде до плус два, 26:24.

Оваа предност, сепак, ја снема за помалку од 30 секунди и тоа после тајм-аутот на селекторот на Исланд. Македонија продолжи да биде во предност, но таа постојано беше еден погодок. Немаше поголема позитива така што остана постојано гол предност за Македонија и веќе во следниот напад израмнување од Исланд. Така беше до 31:31, кога Густавсон одбрани удар на Кузмановски, а потоа во следниот напад Палмарсон продолжи да погодува и тогаш го постигна својот 11 гол.

Следуваа минути во кои Палмарсон и Талески наизменично реализираа. Сепак, на почетокот на последната минута Палмарсон конечно погреши и биеше во пречка, па Македонија доби 50 секунди за последниот напад. После тајм-аутот на Брестовац судиите ја одземаа топката на Македонија поради пасиве па селекторот на Исланд брзо побара тајм-аут за да добие можност за шут за победа на овој дуел на своите момци. До крај имаше 11 секунди, а Магнусон направи чекори. Место да ја остави топката ја фрли во аут, а судиите покрај црвениот картон за Магнусон досудија и седмерец. истиот не беше реализиран од Манасков, но одбиената топка заврши кај него и тој донесе победа од 34:33 со што Македонија избива на првото место во групата 3.

Реванш-натпреварот се игра в недела во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.