РК Вардар реагира на незаконското користење на амблемот, дресот и името на европскиот шампион на домашниот пазар. Името и амблемот на РК Вардар, како и дресовите со кои ракометарите настапуваа во сезоната 2018/19 и на финалето на ЕХФ Лигата на шампионите во Келн се заштитени марки и не смее да се користат без согласност на клубот, стои во соопштението на кое денеска го објави РК Вардар.

Оригиналниот дрес на европскиот ракометен шампион може да се купите единствено во официјалната продавница на РК ВАРДАР и ФК ВАРДАР – Вардар Фаншоп лоцирана во СЦ Јане Сандански и on-line на www.vardarfanshop.com.

Клубот ги предупредува и своите навивачи да внимаваат од каде купуваат брендирани производи со логото на европскиот шампион. Разновидните фалсификати се продаваат без согласност од клубот, и сакаме да Ве повикаме да помогнете во заштитата на брендот Вардар и да не купувате од лошите копии на дресовите или производите кои незаконски го носат логото на Вардар, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.