Македонската машка ракометна репрезентација до 19 години доживеа уште еден пораз во групната фаза на Светското првенство, откако овој пат загуби од Јапонија со убедливи 22-31.
Македонските ракометари тргнаа катастрофално во мечот против Јапонија, па гостите направија серија од 6-0, по што следуваше мало будење кај кадетите, кои постојано бркаа негатива, а на полувреме заминаа со 11-15.
Јапонија ја одржуваше предноста и во вториот дел. Македонија имаше серија од три гола и стигна до 15-19, но потоа следуваше нов голем пад во играта и Јапонците постојано го зголемуваа водството до конечни 31-22.
Најефикасен во редовите на македонската репрезентација беше Костески кој постигна осум гола.
По првата фаза македонските кадети се четврти во групата. Во осминафиналето на 14 август ги очекува тежок дуел против Португалија. Победникот од мечот во четвртфинале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Франција и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.