Изминатиот викенд помина во знакот на свадби и свршувачки меѓу македонските спортисти.
Точно една година откако македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески се ожени со Ена Секуловска, а потоа станаа родители на Софиа, вчера правеа свадбена веселба на која присуствуваа дел од колегите ракометари.
На вечна љубов се заколнаа Велко Маркоски, кој викендов се ожени со неговата девојка Јана Смугреска. Свадба правеше и младиот Димитар Димитриоски.
Филип Кузмановски, пак, ја побара за жена неговата девојка, велешанката Моника Игнова, која патем е прва братучетка на неговиот соиграч од националниот тим, Дејан Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.