Екипата на Веспрем е првиот финалист во Келн откако денеска во првото полуфинале го совлада тимот на Келце со 33-30 откако во најголемиот дел од средбата и беше во предност. Иако беше скоро 40 минути без голманот Арпад Штербик, но и цел меч без македонскиот репрезентативец Дејан Манасков тимот на Веспрем најде сили и начин како да се избори за место во финалето каде по три години пауза ќе се обиде да се искачи на тронот.

При напад на Мамиќ, тој го нагази Штербик на десната нога, а тоа беше знак за интервенција на докторскиот тим на Унгарците. Немаше позитивни вести за голманот и мораше да го напушти теренот. До крајот на првото полувреме тимот од Полска беше тој што го диктираше резултатот, а екипата на Веспрем мораше да се одржува. Издржа и на одмор се замина со 13-13.

Немаше простор за многу тактика, но Талант Душебаев реши да ризикува. Тргна без голман и погреши. Во неполни две минути Веспрем го наполни голот на противникот и имаше 22:18 со што почна да го диктира темпото. Келце се враќаше одново, но беше тешко бидејќи никако не можеше до израмнување. Сите обиди за последниот чекор беа залудни. Најблизу дојдоа при 28-27, но тогаш одново следуваше казна. Одбрани Миклер, реализираа во напад играчите на Веспрем и на две минути до крај беше 32-28. Највисоките четири гола беа достигнати така што стана јасно кој оди во финалето.

Извор: 24rakomet.mk

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.