По поразот на Вардар 1961 во ракометната Лига на шампиони на гостувањето кај дански Алборг, тренерот Веселин Вујовиќ истакна дека вардарци го загубиле овој дуел поради лошото отворање на вториот дел.
Честитки за мојот колега Стефан за доброто издание на неговиот тим Алборг. Првите десет минути од второто полувреме го загубивме натпреварот, во еден момент губевме со седум гола, се обидовме да направиме нешто, но беше невозможно да се вратиме. Сега овој меч за мене е историја, најважен ми е мечот со Кил. На Алборг му посакувам многу среќа – изјави Вујовиќ по средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.