Не им е здодевно на вардарци додека го чекаат авионот за Скопје. Тие се главни ѕвезди на aеродромот во Келн. Патници кои се затекнале со нов на аеродромот во Келн, им честитаат и сакаат да се фотографираат со нив и со трофејот.

Несоменено атмосферата на аеродромот ќе им дојде како добро загревање прред лудилото во Скопје.

Еуфоријата не спласнува од синоќа, по победата. Вардарци имаа спектакуларен пречек пред хотелот во „Радисон блу“.

По ручекот во хотелот „Радисон Блу“ во Келн, европските шампиони се упатија кон аеродромот Бон-Келн, од каде со чартер лет ќе тргнат за Скопје. Видно уморни, но емоционално полни, вардарци со нетрпение го чекаат дочекот. Оние кои беа дел од историјата впишана пред две години им раскажуваат на новајлиите како беше на аеродромот и плоштадот во Скопје. Во режија на Столе и Тимур шоуто започна уште во Келн, па може да претпоставите како ќе биде низ Скопје попладнево и вечерва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.