Европскиот ракометен првак Вардар доживеа тежок пораз на гостувањето кај Порто од 30-22, на коло пред крајот се наоѓа на шестото место на табелата во Лигата на шампионите.
Европскиот шампион се носеше во првото полувреме, најмногу поради маестралните 30 минути на Кизиќ во кои младиот голман фати девет удари на Порто. На одморот се замина со предност на Португалците од 11-10. Второто полувреме почна со серија од 7-1 за Порто, „вардарци“ изгледаа немоќно и тука веќе беше јасно кој ќе биде победник на натпреварот, само беше прашање со кој резултат.
Шишкарев со седум голови беше најефикасен кај Вардар, Дибиров, Калараш и Скубе погодија по три пати, Кизиќ мечот го заврши со десет интервенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.