Вардар со триумф од 33-27 (16-13) ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Во осмина-финалето Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од Група Б, една од екипите на Мотор Запорожје или ППД Загреб.
Со оваа деветта победа годинава и со вкупно 19 бода, скопјани завршија на третата позиција во групата А, бидејќи конкурентот за второто место унгарски Веспрем го совлада полски Киелце на гости со 36-35 и го освои второто место во групата.
Избраниците на тренерот Роберто Парондо фуриозно го започнаа натпреварот против Монпелје, правејќи серија од 5-0, додека гостите првиот гол го дадоа во 9-та минута. Доминацијата на Вардар кулминираше во средината на полувремето кога на четири пати имаше предност од седум гола. Европскиот првак зеде здив при крајот на првиот дел и успеа да ја намали разликата на подносливи три гола.
Во вториот дел гостите само на почетокот успеаја да се доближат во два наврати на гол негатива (15-16, 16-17), а потоа Вардар повторно ја презеде иницијатаивата во свои раце и рутински мечот го доведе до крајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.