Вардар игра одлично во првото полувреме против Пик Сегед во натпревар од ракометната Лига на шампиони. Цврстата одбрана и одличната реализација во нападот се главни причини за тоа Вардар да има водство од 16-13 по првите 30 минути против лутиот унгарски ривал.

Првите седум минути поминаа во израмнета игра на двата тима, а првата опиплива предност ја имаа гостите по истекот на деветтата минута кога поведоа со плус три (2-5). По пет минути во кои се играше гол за гол, а гостите имаа предност од (4-7), следуваше мини серија на „црвено-црните“ кои во 15. минута успеаја да го израмнат резултатот на 7-7.

Вардар продолжи со одличната игра, а во 20. минута успеа за првпат на натпреварот да стигне до водство од 11-10, по што гостинскиот тренер Пастор мораше да го повика својот прв тајм-аут на натпреварот. По тајм-аутот на Унгарците, ништо не се промени на теренот, а „вардарци“ со одлична игра особено во фазата на одбрана на три и пол минути до крајот на првото полувреме со голот на Борко Ристовски стигнаа до позитива од плус два (14-12).

Целиот текст на Екипа.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.