Македонскиот и европски шампион Вардар одбраната на трофејот во Лигата на шампионите ќе го почне од Група А следната сезона, онака како што ја заврши претходната сезона, против унгарски Веспрем со кого се соочи во финалето во Келн.

„Црвено-црните“, кои сосема очекувано беа носители пред ждрепката, се најдоа во Групата Б, покрај со Веспрем, и уште со уште еден учесник на годинашниот Ф4 турнир во Келн, полски Кјелце. Во групата се и белоруски Брест Мешков, украински Мотор Запорожје, португалски Порто, француски Монпелје и германски Кил.

Натпреварите од новата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите почнуваат во септември.

ЛИГА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

ПСЖ (Фра)

Барселона (Шпа)

Фленсбург (Гер)

Алборг (Дан)

ПИК Сегед (Унг)

ППД Загреб (Хрв)

Елверум (Нор)

Пивоварна Целје (Сло)

ГРУПА Б

ВАРДАР (МКД)

Веспрем (Унг)

Кјелце (Пол)

Брест Мешков (Блр)

Мотор Запорожје (Укр)

Монпелје (Фра)

Порто (Пор)

Кил (Гер)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.