Ракометарите на Вардар имаат негативен резултат после првите 30 минути против Барселона во второто полуфинале на Лигата на шампионите кое се игра во Келн. Иако 20 минути резултатот беше неизвесен за само пет минути Барселона стигна до висока предност и на одмор замина со водство од 16-9.

Барселона од 10-8 во 24. минута веќе имаше 14-8 и затоа Парондо мораше да потроши два тајм-аути во кратко време. Советуваше да се игра потрпеливо во напад и да се оди со акциите до крај, но ракометарите како да сакаат пребрзо да завршуваат. Милосављев бранеше и понатаму добро, но она што беше добро во одбраната не беше и во нападот, па оттаму и беше високата негатива.

Највисоките седум погодоци беа постигнати пред заминување на одмор кога Барселона стигна до 16:9 и тоа благодарение на грешките во нападот на Вардар.

Најефикасен после првото полувреме беше Гомез Абељо со пет гола, додека во Вардар Кристопанс имаше три гола, а Карачиќ два. По еден постигнаа Мораеш, Скубе, Чупиќ и Шишкарев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.