Вардар запиша нови бодови во СЕХА лигата откако славеше рутинска победа на гостувањето кај Татран Прешов со 29:22 и по четири кола е прв во својата група.

Вардар немаше многу проблеми да дојде до победата во дуелот со Татран Прешов, шампионот лесно дојде до планираниот триумф, а Писонеро шанса им даде и на оние кои поретко ја добиваат.

Татран се држеше во првото полувреме кое го загуби само со два разлика, со 10:8 за Вардар се замина на одморот. Но работите беа поинакви во вториот дел.

По 15 минути игра во второто полувреме Вардар веќе водеше со десет голови разлика 23:13, уште во неколку наврати ја имаше оваа предност која беше највисока. На крајот мечот заврши со 29:22

Најефикасен во составот на Вардар беше Дибиров со пет голови, по четири постигнаа Горбок и Шишкарев, Пелко и Калараш имаа по три од три, а во листата на стрелци со по еден гол се запишаа и Димитриски и Кукуловски кои добија шанса. Одличен на голот беше Кугис со 15 одбрани, Кизиќ имаше четири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.